Среда и четврток се денови на жалост во Тетово

Макфакс

05/08/2015

09:30

1.116

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, денес и утре, прогласени се за денови на жалост, по невремето поради кое загинаа четири лица, а едно девојче се води за исчезнато.

Одлуката ја донесе Советот на Општина Тетово, по завчерашното силно невреме, проследено со дожд, ветар и грмеѓи, од кое се појавија повеќе свлечишта, во тетовско, од што починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.

Во невремето починаа Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица.

Причинета е и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделски земјишта.

Повеќе од 200 објекти, според првичните информации, се значително оштетени.

Висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг