И денес високи температури, почитувајте ги препораките

Нетпрес

24/07/2015

09:03

1.818

Големина на фонт

а а а

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а повторно нè очекуваат високи температури, затоа неопходно е граѓаните да се придржуваат до препораките издадени од пред неколку дена.

Според најавите на метеоролозите попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР.

Инаку, сè уште се на сила препораките од Министерството за здравство издадени откако Македонија беше зафатена со високи температури, кои што ја означуваат жолтата (алертна) фаза.

Бремените и хронично болните се ослободени од работа, а се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг