Девојките на оваа фотографија делуваат среќно, но вистината за нив е застрашувачка

Точка

23/07/2015

17:10

26.846

Големина на фонт

а а а

Набрзо после нападот во Суруч, две селфи фотографии започнаа да кружат на друштвените мрежи, а за кои се тврди дека настанале на само неколку моменти пред големата трагедија.

Турција во понеделникот се соочи со терористички напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија, кога загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 100 беа хоспитализирани. Тамошната власт соопшти дека зад нападот најверојатно стои Исламската држава.

Видео записот е со вознемирувачка содржина! (18+):



Набрзо после нападот, две селфи фотографии започнаа да кружат на друштвените мрежи, а за истите се тврди дека настанале на само еден момент пред трагедијата.

Меѓутоа, Мадершахи Барајикан, која открива дека таа ги направила и двете селфи фотографии, потенцира дека конкретните фотографии не се од Суруч, како и тоа дека не му одговараат на датумот кога што се случила експлозијата.


Фотографиите всушност настанале по повод тоа што прокурдската партија освоила 80 места на изборите во јуни, пишува Buzzfeed.

Сепак, дамата со кадриците, која во позадина го покажува знакот за мир, сепак навистина загинала во споменатиот терористички напад. Нејзиното име било Егзи Садет и имала сè на сè само 20 години.

Во Суруч учествувала во летна експедиција која имала за крајна цел обнова на градот Кобане, кој неодамна беше вратен под курдска власт.


Егзи Садет влегла во автобусот заедно со своите врсници, и сите видно среќни и возбудени, тргнале кон југот на Турција, каде се наоѓале и останатите активисти. Неколку моменти подоцна оваа насмеана девојка загинала во терористички напад кој однесе повеќе од 30 животи, а фотографијата која што настанала на само неколку моменти пред смртоносната експлозија и насмевките на младите активисти ги прогонуваат луѓето ширум светот.

Егзи оваа фотографија ја споделила на својот Instagram профил, кој подоцна бил деактивиран. Таа никогаш повторно не се вратила во автобусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг