Арената "Филип Втори" распродадена, АПОЕЛ го очекува пекол

Точка

21/07/2015

16:34

5.034

Големина на фонт

а а а

Вардар ќе има голема поддршка на реваншот против кипарскиот шампион АПОЕЛ. Арената "Филип Втори" е распродадена, а останати се помалку од 500 влезници.

Реванш дуелот од второто квалификациско коло помеѓу македонскиот шампион Вардар и кипарскиот АПОЕЛ предизвика огромен интерес. Според очекувањата, сите влезници кои биле пуштени во продажба ќе бидат распродадени до пред почетокот на мечот.

Големата поддршка од трибините ќе биде притисок, но и голема мотивација за фудбалерите на Вардар, кои имаат за цел да остварат голем резултат и победа против шампионот на Кипар.


Гостите ги очекува вистински пекол на Арената "Филип Втори", а се надеваме дека од македонската престолнина ќе си заминат поразени и со наведнати глави.

Потсетуваме, македонскиот шампион пред една седмица, на првиот натпревар од двобојот, на гости кај АПОЕЛ избори поволно реми без голови.

Натпреварот започнува во 20.00 часот, со директен пренос на Првата македонска телевизија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг