Судири во Истанбул: Демонстрантите протестирале против ИСИС, полицијата реагирала со водени топови и солзавец!

Точка

21/07/2015

09:10

3.490

Големина на фонт

а а а

Во Истанбул вчера биле одржани протести по повод самоубиствениот бомбашки напад на Исламската држава во близина на границата со Сирија, за кој демонстрантите ја обвиниле турската влада, но кога дошло до судирите, полицијата морала да употреби солзавец и водени топови.

Голем број на луѓе се собрале во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, на демонстрациите по повод вчерашниот самоубиствен напад во градот Суруч, во кој загинале најмалку 30 луѓе.


Некои од насобраните извикувале слогани против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и владејачката Партија за правда и развој. Во главно велеле дека ИСИС и Ердоган се соработници.


Демонстрациите биле во главно мирни, сè додека некои учесници не почнале да фрлаат со стаклени шишиња кон полицијата, наведуваат сведоците.


Курдското малцинство во Турција е бесно поради, како што истакнуваат, неподготвеноста на официјална Анкара да направи повеќе за да ги спречи џихадистите на ИСИС.


Курдската милитантна групација ПКК, вчера соопштила дека ја смета владата за одговорна за нападот во Суруч, наведувајќи дека Анкара ги поддржувала исламистите во борбата против Курдите во Сирија.








Спонзорирани линкови

Маркетинг