ФЕИТ ќе ја промовира новата генерација дипломирани инженери и магистри

Нетпрес

22/06/2015

13:05

2.380

Големина на фонт

а а а

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, вечерва ќе ја промовира новата генерација дипломирани инженери и магистри.

На свечената промоција ќе се обратат деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, Ванеса Василевска,претставник на студентите и ќе бидат доделени награди за најдобрите дипломирани инженери од организациите „Атанаско Кантарџиев“, „Стамболиев“,ЕТАИ и Инженерскиот прстен.

Во делот на уметничката програма ќе настапи Биг – Бенд на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Спонзорирани линкови

Маркетинг