Заев: Само преодна влада може да создаде услови за фер и демократски избори

Точка

12/06/2015

18:33

1.562

Големина на фонт

а а а

Само преодна влада може да создаде минимум услови за организирање и одржување на фер и демократски избори во Република Македонија, изјави во петок претседателот на СДСМ Зоран Заев, на средба со генералниот секретар на Лабуристичката партија од Велика Британија Иан МекНикол.

На средбата беше потврдена поддршката на Лабуристичката партија за СДСМ.

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Заев се сретна и со претседателот на Демократската партија на Србија, Бојан Пајтиќ. Во моментов во тек е средба со делегација на француската Социјалистичка партија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг