СДСМ на Конгрес на Партијата на европски социјалисти во Будимпешта

Макфакс

12/06/2015

10:43

686

Големина на фонт

а а а

Делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти), којшто се одржува во петок и сабота во унгарската престолнина Будимпешта.

Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев, се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.

Конгресот на ПЕС претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери на земји, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент, како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа.

Предвидено е делегацијата на СДСМ и претседателот Зоран Заев да остварат и повеќе средби со високи владини и партиски функционери од сестрински социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг