50.000 мигранти во Грција за пет месеци

Нетпрес

10/06/2015

13:40

921

Големина на фонт

а а а

Само за еден ден повеќе од 1000 мигранти влегле нелегално во Грција, од море, со што вкупниот број мигранти во изминатите пет месеци е зголемен на околу 50.000. Со тоа е надмината бројката од имигрантите кои влегле во Грција во текот на цела 2014 година, пишува МИА.

Со ваквите бројки, Грција се приближува до Италија, според бројот на имигранти, кои стасаа оваа година, пренесува Танјуг.

Крајбрежната стража соопшти дека вчера разно изутрина спасени се 670 лица на истокот на Егејското Море и јужно од Крит, каде во мал чамец се пронајдени 263 мигранти. Уште 361 мигрант е пронајден на островот Лезбос.

Преку Средоземното Море, оваа година до Европа појдоа повеќе од 100.000 лица, од кои 2.000 починаа или исчезнаа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг