Ердоган ја прифати оставката на премиерот Давутоглу

Точка

09/06/2015

21:06

1.339

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, по парламентарните избори во недела во Турција, што претставува „техничка неопходност“ за формирање на нова влада.

Давутоглу се сретна со Ердоган во претседателскиот дворец во Анкара, за да ја разгледаат иднината на владата, откако владејачката Партија на правдата и напредокот го загуби мнозинството.

„Претседателот и благодари на владата за нејзината работа до овој момент. Актуелниот кабинет ќе продолжи со работа до формирање на нова влада“, се посочува во соопштението.

На 25 јуни новите членови на парламентот треба да положат заклетва. Турција има 45 дневен рок да состави влада, во спротивно претседателот треба да објави предвремени избори. На изборите од 7 јуни ниту една партија не успеа да добие мнозинство и во моментот на дневен ред е формирање на коалициона влада.


Спонзорирани линкови

Маркетинг