АКП ќе се обиде да формира коалициска влада, ако не успее можни се предвремени избори

Нетпрес

08/06/2015

12:47

814

Големина на фонт

а а а

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) ќе се обиде да формира коалициска влада како прва опција, откако го загуби парламентарното мнозинство, изјави денеска вицепремиерот Нуман Куртулмуш.

– Сметам дека нашиот премиер ќе биде во можност да формира влада во определеното време, изјави Куртулмуш, според кого се можни и предвремени избори, ако тоа не успее.

Според Куртулмуш коалиција без АКП не е можна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг