Илјадници граѓани протестираат пред Влада

Точка

17/05/2015

16:48

11.534

Големина на фонт

а а а

Илјадници граѓани од сите краеви од Македонија денес се собраа пред Влада каде што побараа оставка од премиерот на државата, Никола Груевски.

Собирот пред Влада се одвива без партиски обележја, а граѓаните преку организиран превоз пристигнуваат од сите делови на државата. Според првичните проценки на неколку домашни, но и странски медиуми, се претпоставува дека денес оставка од премиерот Груевски побараа околу 100 илјади граѓани.

Граѓаните веат Македонски, Албански и Турски знамиња, носат транспаренти со пораки „Цензурата е забранета“, „Оставка“ и „Збогум Никола“, а пред насобраниот народ се обраќаат студенти, новинари, режисери, дипломати и европарламентарци.

Протестот се одвива мирно и без никакви инциденти.











Спонзорирани линкови

Маркетинг