ПРОТЕСТ: Александар Поповски: Протестирам за сите неправди направени во Македонија!

Mkd-News

17/05/2015

15:30

2.697

Големина на фонт

а а а

Режисерот Александар Поповски својот говор го започна со репликата "Има нешто труло во државата и затоа треба да оздрави".

– Јас денеска стојам на страната на луѓе кои стојат за подобра Македонија. Кога се појави првата архи бригада протестирав, кога го убија Мартин Нешковски, протестирав, кога сечеа дрвја, протестирав, кога го затворивте Кежароски, протестирав, кога исфрлавте новинари од Собранието, протестирав, кога исфрлавте пратеници, протестирав! Кога укинувавте универзитети и автономија, протестирав! Кога сакавте ГТЦ да го претворите во барок протестирав! Кога убиваа полицајци, протестирав. Кога средношколците протестираа, протестирав! Кога сакавте да ги затворите студентите, протестирав! Протестирам за сите направени неправди во Македонија – рече Поповски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг