Македонци и Срби бесправно вршеле археолошки ископувања во џамија во Штип

Макфакс

20/04/2015

13:13

1.157

Големина на фонт

а а а

Двајца Македонци и двајца Срби заработија кривични пријави, затоа што вршеле бесправни археолошки ископувања, во дворот од Хусамедин пашината џамија во Штип, сопшти полицијата.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(49), од Штип, А.М.(41) од Куманово, И.К.(32) и Д.С.(31) државјани на Србија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ .

Судија на предходна постапка во Основен суд Штип им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Во неделата, пријавените како соизвршители со намера за себе да прибават противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат насилно влегле низ влезната врата од верскиот објект Хусамедин пашина џамија - Свети Илија во Штип кој е под културно наследство на Македонија, сопственост на Министерството за култура.

Влегле во објектот и без дозвола од надлежен орган извршиле две археолошки ископувањана се со цел да прибават добра кои се под заштита и културно наследство и при нивните археолошки ископувања биле лишени од слобода од страна на полициски службеници при СВР Штип.


Спонзорирани линкови

Маркетинг