Дали е ова можеби правата вистината за авионската несреќа која другите намерно ја премолчуваат?

Точка

28/03/2015

14:55

15.569

Големина на фонт

а а а

Веруваме дека за сите е интересна верзијата дека 28-годишното момче го срушило авионот и ги убило сите патници поради некаква расправија, доволно интересна за сите да заборават на вистината, но и за прашањата за авио-компанијата Lufthansa никогаш повеќе да не се поставуваат.

Во изминативе година дена беа срушени два авиона, беа убиени стотина луѓе, а до сега не добивме никаква конечна информација за тоа што точно се случило со нив. Еден од авионите исчезна од лицето на земјата и никогаш не беше пронајдено ниту едно парче од малезискиот авион, а ако само се потсетиме на службените информации од тогаш – сите беа прогласени за мртви. Иако за такво нешто никогаш не постоеја докази.

Следниот авион, исто така малезиски, беше срушен над Украина и јавноста никогаш не доби службени информации за тоа што точно се случило со овој авион – сметајќи дека јавноста со текот на времето ќе заборави на овој настан. Тоа и навистина се случи. Јавноста беше замолчена и без информации. Во француските Алпи повторно падна авион, а загинаа 150 луѓе од кои и голем број на деца. Но, овој случај се чини како експресно да се завршува. Службените информаци велат – монструмот е 28-годишно момче, копилот и син на исклучително образувани луѓе кои никогаш немале никаква дамка во своите животи, а ова особено важи дека немале и никакви психички проблеми кои се потребни за свесно да се направи ова за кое се обвинува токму копилотот – мртов и без можности за одбрана.

Но, сепак, за еден пилот воопшто да може да се запише во училиште за пилоти мора да помине многу психо-тестови и истраги, па дури потоа може да започне со ваквата кариера. И всушност, ако некој поради најобична расправија може да биде способен да убие 150 луѓе би требало да биде и исклучително лабилен – доволно за никогаш да нема можност ниту да помисли да биде пилот. Всушност, службената верзија на приказната е и онака сомнителна бидејќи многу од прашањата остануваат отворени и нема апсолутни докази дека момчето со сигурност извршило вака тешка несреќа. Но, информациите кои постојатно се повторуваат помеѓу медиумите се доволни за јавноста да се смири.


Но, што ако не е така? Што ако сме повторно измамени, а со оглед на информациите до кои дошол германскиот истражувачки новинар Удо Улфкоте, на јавноста познат по тоа што после долгогодишната работа во германските медиуми за Russia Today излезе со информации за тоа како светските медиуми и ЦИА ја лажат и манипулираат јавноста со вести кои и самиот тој за пари ги објавувал, се чини дека вистината е можеби и навистина малку поинаква. Всушност, тој на јавноста ѝ откри нешто што до сега беше потполно непознато, а повторно пресудно. Иако експресната пресуда за момчето и неговото семејство кое беше инстантно шокирано и етикетирано, како што пренесуваат медиумите, истрагата е веќе завршена и сега сите чекат за уште едно кобно случување едноставно да се заборави – а прашањата повторно остануваат неодговорени.

Некои основни нешта, како на пример, зошто исчезнала мемориската картичка од едната црна кутија, останува потполно нејасно. Бидејќи, после службените информации за кои сега мртвиот 28-годишник се обвинува за злодело, сите неправилности и прашања при самата истрага во потполност исчезнуваат.

Удо Улфкоте за kopp.online направил едно навистина интересно истражување, и дошол до одредени информации кои ни говорат дека можеби овие несреќни луѓе и не ги убило ова момче, туку самата авионска компанија која се обидува да ја прикрие вистината. Тој го напиша следново:


"Се чувствувате ли вистински и целовито информирани во врска со срушениот германски авион на Germanwings? Не? Ако така тогаш и вие сте во иста позиција како и останатите граѓани на светот. Со оглед на тоа дека постојат отворени прашања кои воопшто не се споменуваат за компанијата Germanwings која е под закрило на Lufthansa, многу луѓе во светот се напросто збунети и поставуваат прашања како на пример, што е тоа што се сокрива од нас?

Во четвртокот се одиграла и вистинска прес конференција за можните причини за падот на авионот. Но, очигледно е дека после неа сме исто толку паметни како и претходно. Односно не сме. Постојат многу отворени прашања, кои се очигледно една табу тема. Единствен впечаток кој се остава после оваа несреќа е тој дека авионскиот сообраќај едноставно би требало да се избегнува.

Прво прашање: зошто вистината за црната кутија која наводно содржи важни информации за чукањето на едниот пилот на вратата од кокпитот не излегоа од германските, француските или шпанските медиуми, туку токму од американските? Каква врска имаат нивните истражители со тоа?

Зошто германските медиуми препишуваат од New York Times? Зошто се однесуваат како кукли, а не како вистински истражители, бидејќи сепак се работи за германска компанија? Зошто Американците веќе знаеле за она што се наоѓа во службената евиденција? Светските медиуми оставија впечаток дека германскиот народ е намерно заведен, но се поставува прашањет, зошто?

Второ прашање: Зошто ниту еден германски новинар на прес конференцијата не постави прашање за безбедносните проблеми со невротоксините во врска со контаминираниот воздух во кабината (TCP/Aerotoxic syndrome), во авионот на оваа компанија, бидејќи тој токсин и од претходно е познат како безбедносен проблем со кој се соочува Germanwings?

Всушност, пред само неколку недели, во месец јануари оваа година во авион токму на Germanwings на летот од Лисабон до Келн во кокпитот се појавиле исклучително отровни испарувања. Ова е информација која се појавила и тоа на ценетиот германски Spiegel само неколку часа после несреќата, но за таа информација сите апсолутно премолчеа, иако е можно, токму оваа информации да помогне во расветлување на овој случај. Зошто медиумите премолчуваат толку важни информации? Зошто било какви безбедносни и вселенски стручњаци доаѓаат и во медиумите како еден вид на мантра повторуваат едно исто – не постоеле никакви безбедносни проблеми. А пред само неколку месеци во Германија изби вистински скандал и токму тогаш сите медиуми известуваа за невротоксините во авионот. Во месец февруари оваа година, еден од авионите на Germanwings токму поради присуство на невротоксини во кокпитот мораше присилно да слета во Лион.


Германските медиуми се прашуваат зошто сето ова никој не го споменува? Во меѓувреме се пишуваше за исклучително опасните проблеми за патниците, а известувањата за тој проблем траеле сè до месец март оваа година. Зошто медумите се чини како намерно да лажат дека не знаат ништо? Авио-компанијата се чини дека е во голем страв. Со оглед на тоа дека безбедносните проблеми поради присуството на невротоксини се огромни, не е јасно зошто за тоа никој не известува ништо.

Колку за пример, на 16-ти февруари, официјалните информации за Germanwings беа следниве:

1. Во воздухот во кабината се пронајдени органо-фосфати, позната невротоксична хемикалија која се користи како пламен и пластификатор кај моторните масла.

2. Патниците во авионот се изложени на тие хемикалии, кои можат да предизвикаат несвестици на пилотот и кобно уништување на здравјето.

3. Последиците од влијанието на овие невротоксини врз пилотите во летот можат да предизвикаат и смрт кај патниците.

4. До сега не е направен ниту еден авионски сензор кој би можел да го мери присуството на тие токсини во воздухот во кокпитот па пилотите не е ниту возможно да бидат опоменати.

Медиумите се чини дека премолчеа дека поради невротоксини во кокпитот на авионите се случиле дури 201 инцидент во само една година, и тоа секогаш во авионите на компанијата Germanwings. И гледано субјективно, кон ова истражување единствено што може да се заклучи е дека граѓаните на Германија, но и на светот, како намерно да го заобиколуваат овој проблем, поради можниот колапс на една од поголемите авио-компании во светот која ако сето ова е токму така, тогаш се чини дека ги убива токму сопствените патници. Бидејќи, кога-тогаш, некој ќе мора да одговори на прашањата зошто вака важни информации се сокриваат? Или пак нема, како што вообичаено и се случува? Се чини дека токсичните хемикалии во авионите на Germanwings за кои Германија на големо зборуваше во изминативе недели и кои според службените информации можат дури и да ги усмртат патниците поради несвестица на пилотот, можат и да го објаснат можеби токму она што се случило во француските Алпи, но и исто така се чини дека и медиумите сето ова намерно го премолчуваат.

Веруваме дека на сите им е крајно интересна верзијата дека 28-годишното момче го срушило овој авион и ги убил патниците поради некаква расправија, а сето ова е доволно интересно за да се заборави можеби и на правата вистина, и за прашањата упатени кон авио-компанијата Lufthansa едноставно никогаш повторно да не се постават."


Спонзорирани линкови

Маркетинг