Дали вака треба да се фотографира сопруга на еден политичар?

Точка

23/03/2015

18:35

20.152

Големина на фонт

а а а

Украинската убавица Алена Политука неодамна отвори свој профил на мрежата Twitter, на кој секојдневно објавува провокативни фотографии. Тоа сепак, не му се допаднало на нејзиниот сопруг, кој е инаку угледен политичар.

Како би им удоволила на своите обожаватели, убавата Украинка започнала сè почесто да споделува експлицитни фотографии на својот Twitter профил, но на нејзиниот сопруг тоа започнало и премногу да му пречи.



Тој не само што ја напуштил, туку нејзе и нивниот син ги лишил од луксузниот начин на живот кој таа го пропагирала на друштвените мрежи. Всушност, таа и јавно се пожалила на тоа дека ја оставил буквално без ништо, како и тоа дека не и дал ниту едно образложение зошто преземал таков чекор. Како што вели, таа е моментално скршена поради одлуката на својот сопруг.



Блиски извори откриваат дека Александар бил многу незадоволен поради фактот дека Алена секојдневно објавувала свои разголени фотографии и константно го провоцирала.

Инаку, угледниот политичар, Александар Политука, е и сопственик на успешна компанија за производство на сапуни, а од почетокот на украинската криза е познат и како хуманитарец кој повеќе пати донирал поголемо количество на сапуни од неговата компанија за воени цели.











Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk