Заев објави петта "бомба" од прислушувани разговори

Точка

27/02/2015

14:48

5.403

Големина на фонт

а а а

Во тек е конференцијата на СДСМ на Бихаќка, во која лидерот на партијата Зоран Заев ја објавува новата петта „бомба“ – нови компромитирачки снимки за функционери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Заев конференцијата ја започна со потсетување на тоа дека братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков вршеле масовно прислушување во државата.

„Пред очите на јавноста се неспорни фактите што ги обелоденуваме во проектот ’Вистината за Македонија’. Братучедите неовластено прислушкувале користејќи ги сите државни апаратури за свои лични цели и за целосна контрола врз државата. Јасно е зошто Никола Груевски завчера онака осамен излезе на прес-конференција, изнесувајќи лаги и измислици. Изнесе фактички лаги за некакви системи, странски служби само за да покаже дека бил загрозен. На завчерашната прес-конференција Никола Груевски се стави во улогата на полициски портпарол и очајно ја молеше јавноста да ги затвори очите и ушите од овие грозоти и да му веруваат на она што го зборува“ – рече Заев на почетокот на прес-конференцијата.

Заев објави телефонски разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во кој премиерот нарачува промена на урбанистичкиот план и кажува кога треба да се руши објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, а после што се треба да се смени за потоа на парцелата да се прави парк.

И во следниот разговор меѓу премиерот и министерот Миле Јанакиевски, премиерот сугерира промена на урбанистичкиот план со кој ќе спречат градење на објектот „Космос“ и вели дека треба на истото место да се предвиди парк и зеленило.

Во друг разговор, Груевски му кажува на министерот за транспорт и врски на кој ден и датум да се изврши рушењето на „Космос“. Тој вели дека тоа треба да биде на први август, бидејќи веќе започнуваат годишните одмори.

Во уште еден презентиран разговор меѓу нив, министерот Јанакиевски детално го известува премиерот за тоа како се одвива рушењето на проектот. Груевски го завршува разговорот со потсетување дека треба да биде срушен до крајот на денот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг