Внимавајте: Не само телефоните - некој во Македонија купил опрема за надгледување на интернетот

Mkd-News

23/02/2015

16:44

14.015

Големина на фонт

а а а

Ма­ке­до­ни­ја се нај­де на лис­та­та на Уни­вер­зи­те­тот од То­рон­то со 36 зем­ји во кои се ко­рис­ти соф­тве­рот за над­гле­ду­ва­ње на бри­тан­ска­та ком­па­ни­ја "Га­ма ин­тер­нешнл", ко­ја е об­ви­не­та од фон­да­ци­ја­та "Мо­зи­ла" де­ка лаж­но го ко­рис­ти име­то "Фа­јр­фокс".

Минатата година “Би-Би-Си” објави де­ка “Фин­фи­шер” е ле­ги­ти­мен соф­твер за над­гле­ду­ва­ње кој може да го купи и користи секој – што има пари. Оваа информација го потресе светот минатата година и ве потсетуваме на неа.


Овој софтвер овозможува следење на буквално сите активности што ги правите од вашиот компјутер – кои интернет-страници ги отворате, што зборувате на скајп, со кого и што зборувате во која било видеоврска, што пишувате во моментот на тастатурата на својот компјутер.

Ниту една антивирус-програма не може да го детектира.

“Си­ти­зен лаб”, ис­тра­жу­вач­ка гру­па на Уни­вер­зи­те­тот од То­рон­то, от­кри де­ка сер­ве­ри­те за коман­да и кон­тро­ла на “Фин­фи­шер” се ак­тив­ни, или би­ле при­сут­ни, во 36 зем­ји, ме­ѓу кои и Ма­ке­до­ни­ја.

Според нивниот извештај во земјава некој има сервер кој може да испрати штетен софтвер до вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla Firefox и потоа преку него, да следи сè што правите на Интернет.


Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично е невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер.

Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција.

Научниците предупредуваат дека е развиена и мобилна верзија на овој софтвер што значи дека може да се закачи и на вашиот телефон и да испраќа податоци од него.

Изненадувачки е што софтверот кој го откриле е всушност легален. Се работи за FinSpy и е производ на британската компанија Gamma Group и го користат владите на повеќе држави за надзор на криминал.

Интересно е што во Виетнам FinSpy е пронајден и на Android телефони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг