НАСА: Многу е веројатно дека пронајдовме докази за живот на Марс

Точка

17/12/2014

15:44

9.547

Големина на фонт

а а а

Роботот "Curiosity Rover" кој од 2012-тата година ја истражува површината на Марс, детектирал формации предизвикани од пораст на нивото на метан, кои можеби се знаци за живот на оваа планета, објавила денес НАСА.

Порастот на нивото на метан не може да се објасни со досегашните теории, па научниците мислат дека постои голема можност формациите да биле предизвикани од мали бактерии, односно живи организми.

Бидејќи 95 проценти од метанот на нашата планета доаѓа од микробите, се претпоставува дека е многу веројатно истиот случај да биде и на Марс, сметаат научниците.




"Избивањето" на метанот роботот го открил на подрачјето на кратерот Гејл, кој настанал по удар на метеор пред околу 3,5 до 3,8 милијарди години. Таму веќе постојат индикации дека некогаш имало вода.




Формациите настанати со порастот на нивото на метанот, кои ги открил роботот, меѓусебно се оддалечени на околу 200 до 300 метри и се наоѓаат во круг од еден километар. Откако роботот се оддалечил од тоа подрачје, нивото на метанот почнало да опаѓа.

"Пронаоѓањето на метанот може да биде објаснето со многу други процеси, кои не мора да бидат биолошки, меѓутоа, формациите кои ги детектирал роботот, а кои настанале со пораст на концентрацијата на метан, морале да бидат предизвикани од уште некој фактор, а голема е можноста да станува збор за живи организми", стои во соопштението кое денес го издала НАСА.




Во соопштението исто така се наведува дека научниците не сакаат да брзаат со заклучоци, но дека постои голема можност дека ова откритие се гледа како доказ за постоење на живот на Марс.

Детален одговор на прашањето дали постои, или постоел живот на Марс, можеби конечно ќе даде мисијата на Европската вселенска агенција, при која на Марс во 2019-тата година треба да слета 300 килограми тежок робот, опремен со специјален детектор за откривање на биолошки процеси и живи организми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг