Спектакл во „Јане Сандански": Вардар ги прегази Чеховски Медведи!

Точка

04/10/2014

20:48

8.933

Големина на фонт

а а а

Првиот натпревар во новата сала „Јане Сандански“ црвено-црните го одиграа во голем стил како што доликува на голем европски клуб кој цели кон највисок пласман во европскиот ракомет!

Избраниците на Раул Гонзалез вечерва буквално ги разнесоа Чеховски Медведи со конечни 39-28 и ја запишаа втората победа сезонава во Лигата на шампионите со што го задржаа максималниот учинок, две победи на два натпревари!



Уште од самиот старт јасно беше кој ќе го диктира темпото на игра и кој ќе дојде до триумф. Вардарци апсолутно ја оправдаа фаворитската улога и уште од самиот старт им порачаа на противниците дека вечерва нема што да бараат во нивниот нов дом. На стартот беше 4-0, а од средината на полувремето започна „ураганот“ наречен Вардар. Русите немаа идеја во нападот, имаа 11 загубени топки во првите 30 минути, а од друга страна црвено-црните од секоја позиција го полнеа нивниот гол. На одмор Вардарци заминаа со +12 (24:12).

Во второто полувреме Раул Гонзалез одлучи да им даде шанса и на „резервистите“, па водството на Вардар падна и на +8, но сепак до крајот на мечот Шишкарев, Стоилов и голманот Ангелов ја оправдаа довербата на тренерот и се погрижија за убедлива победа.


Вечерва блескаше Тимур Дибиров со осум гола, а Душебаев додаде 7. На голот во првото полувреме доминираше Штербик со 8 одбрани, а неговата замена Ангелов во вториот дел имаше 9 успешни интервенции.

Следното коло ракометарите на Вардар во „Јане Сандански“ во Скопје во дербито на колото ќе ги одмерат силите со германски Рајн-Некар.

фото/видео: sportmedia.mk, Ракометни вести