Бомбардирале засолниште: Погодено е училиштето на ОН во Газа, најмалку 15 мртви!

Точка

25/07/2014

09:50

1.972

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува BBC, ова е четврт пат за време на израелската офанзива против милитантите на Хамас да погодат некој од објектите на ОН. Во моментот на нападот во училиштето во Беит Ханун имало стотина луѓе.

Во ракетниот напад во појасот Газа најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 200 биле повредени за време на бомбардирањето на училиштето на Обединетите Нации кое се употребува како засолниште.


Како што пренесува BBC, ова е четврт пат за време на израелската офанзива против милитантите на Хамас да погодат некој од објектите на ОН. Во моментот на нападот во училиштето во Беит Ханун имало стотина луѓе.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун го осудил денес смртоносниот напад на училиштето на ОН во северниот дел од Појасот Газа, во кој биле убиени многу Палестинци кои токму овде барале засолниште од израелското бомбардирање, а помеѓу жртвите имало и вработени. Бан повторно побарал Израел и Хамас да го почитуваат хуманитарниот закон за време на конфликтите и да ја почитуваат "светоста на животот на цивилите и да не ги уништуваат просториите на ОН", да ги поштедат хуманитарните работници!


Израел од 8-ми јули од воздух започна анти-терористичка акција "Заштитен раб" за да ги спречи палестинските терористи да испалуваат гранати од Појасот Газа на Израел; операцијата од 17-ти јули се прошири и на копно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг