Фотографија од вселената: Ова е најтажната фотографија која сум ја направил

Точка

24/07/2014

10:23

4.464

Големина на фонт

а а а

Германскиот астронаут Александер Герст објавил фотографија од Газа од вселената, додавајќи дека тоа е најтажната фотографија која некогаш ја снимил.

"Мојата најтажна фотографија до сега. Од ISS можеме да ги видиме експлозиите и ракетите како летаат над Газа и над Израел", напишал астронаутот Александер Герст, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица.

Тој коментар стои на фотографијата која ја објавил на својот профил на Твитер. На неа се гледа Газа и околното подрачје во ноќта. Вознемирувачките светла на фотографијата се експлозии кои се гледаат во најгусто населените подрачја.

Потсетуваме, повеќе од 50 Палестинци биле убиени во средата, со што бројот на загинати Палестинци се зголемил на 680, меѓу кои повеќето се цивили, известиле тамошните спасувачки служби.




На спротивната страна загинале 34 Израелци од почетокот на судирите на 8-ми јули: 32 војници во борбите во Газа, а двајца цивили загинале во гранатирањето на Израел од Газа.

Меѓу жртвите има голем број деца. Според ОН, поголемиот број од палестинските жртви се цивили.

Повеќе од 118.000 луѓе побегнале од своите домови во Појасот Газа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг