Смртоносната бактерија листерија покоси уште една жртва

Нетпрес

23/07/2014

12:12

3.603

Големина на фонт

а а а

Синоќа на клиниката за инфективни заболувања почина уште една пациентка со листериозен менингоенцефалит.

Станува збор за пациентка на возраст од 55 години, хоспитализирана на 7-ми јуни на одделот за интензивна нега на инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката.


„Веднаш е отпочнат третман со антибиотска терапија, антиедематозна, диуретска, антикоагулантна, антиулкусна и останата супортивна терапија. Дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба, но во текот на вчерашниот ден настапува нагло влошување на состојбата со застој на срцето и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт“, информираат од Клиниката.


Нови заболени од оваа бактерија која за нешто повеќе од еден месец однесе четири жртви, нема, но со оглед дека инкубацијата на болеста трае и до 70 дена, не може со сигурност да се каже дека ова бактериско заболување нема да земе поголем замав.


Здравствената состојба на бебето кое што е хоспитализирано на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести, што е исто така заразено од оваа бактерија е подобрена и стабилна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг