Што всушност се случува во Ирак: Започна Третата ирачка војна, најкрвава до сега

Точка

14/06/2014

12:01

7.027

Големина на фонт

а а а

Неколку илјади исламистички борци освојуваат ирачки градови еден по еден, а редовната ирачка војска бега пред нив.

Сцените од северниот ирачки град Мосул, кој бил заземен од сунитските бунтовници и припадниците на Исламската држава Ирак и Левант, имаат некоја сличност со филмовите со зомбија - запалени воени возила на пустите улици, знаци од борби и бегство на илјадници цивили кои си ги спасуваат животите, додека единствените живи суштества се крадци и кучиња.

Операциите на ИСИЛ во Мосул и другите градови се подготвуваат од базата во сириската провинција Рака.



Ирачката влада нема друг избор освен да се обиде да го ослободи Мосул, кој има симболична важност, но воените единици се во хаос. Прегрупирањето на силите се одвива во базата Таји, во предградието на Багдад, и на околу 320 километри јужно од Мосил. Против-офанзива не треба да се очекува наскоро.

Специјалните сили и воздушните единици се преморени бидејќи со голема брзина се преместуваат од еден до друг кризен регион. Единствените воени сили во Ирак, кои моментално не се ангажирани се курдските борци - пешмерга - кои ги контролира Курдската регионална влада, но осносите меѓу Курдите и Багдад не се на највисоко ниво.

САД е во маки, бидејќи Обама ветил целосно повлекување на американските сили од Ирак, што и се случило, но сега мора повторно да реагира за Ирак да не стане држава на Ал Каеда...


Спонзорирани линкови

Маркетинг