Бројот на загинати рудари во Турција се искачи на 299

Нетпрес

17/05/2014

12:25

1.115

Големина на фонт

а а а

Бројот на загинатите рудари во најголемата рударска несреќа во Турција се искачи на 299.

485 рудари се спасени од вторникот кога изби пожар во рудникот Сома. Денеска во истиот рудник избил нов пожар, но на друга локација, 25 метри од местото на несреќата каде се затрупани рудари.

Вчера во Сома се собраа околу 10.000 демонстранти извикувајќи слогани против владата. Се уште не се знае причината за пожарот во рудникот Сома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг