Спикерот Вељаноски и ДУИ упатија писма со сочувства до челниците во Турција

Нетпрес

15/05/2014

11:46

846

Големина на фонт

а а а

По големата трагедија во Турција, во која во рудникот во Сома загинаа скоро 290 рудари, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски испрати писмо со кое му изрази сочувство на својот колега од Турција, Џемил Чичек.

“Дозволете ми, во свое лично име и во името на пратениците од Собранието на Република Македонија да искажам длавока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома. Нашите мисли се со Вас, семејствата на загинатите и повредените и целиот турски народ”, се вели во писмото од спикерот Вељаноски.

Демократската унија за интерграција, пак, по трагедијата во Турција, испрати писмо со сочувство до премиерот, Таип Ердоган.

“Сите ние при Демократската Унија за Интеграција сочувствуваме и ја делиме болката со Tурскиот народ во овие тешки мигови и ја изразуваме нашата целосна солидарност со Република Турција и семејствата на жртвите”, се вели во дел од писмото од ДУИ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг