Погледнете како бесната маса го нападнала турскиот премиер!

Точка

15/05/2014

10:38

5.951

Големина на фонт

а а а

Несреќата во која животот го загубија 245 рудари предизвика гнев кај народот кој му го "истуриле" на премиерот нарекувајќи го убиец.

Неколку илјади луѓе протестирале по цела Турција поради несреќата која се случила во рудник во Сома, каде што животот го загубија 245 рудари. Пристигнувањето на турскиот премиер Реџеп Ердоган на местото на несреќата предизвикало гнев кај населението па го опколиле неговото возило, фрлале камења и го удирале возилото.

Иако тој некако успеал да помине со автомобилот, кога излегол започнале да фрлаат камења по него и да викаат "убиец!" Како што изјавил еден од граѓаните, несреќата настанала бидејќи тој бил заинтересиран само за профит, не и за безбедноста на работниците.

Во Истанбул се собрале неколку илјадници жители по што полицијата морала да интервенира со солзавец и водени топови. Демонстрантите барале оставка на владата.

Според последните податоци, по експлозијата во рудникот за јаглен во градот Сома на запад во Турција починале 245 рудари, а спасени биле 450 од кои 80 се хоспитализирани, а четворица се наоѓаат во критична состојба. Се стравува дека под земја останале заробени уште 120 рудари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг