Прогласена тридневна жалост во Турција

Нетпрес

14/05/2014

15:24

1.501

Големина на фонт

а а а

Тридневна национална жалост е прогласена во Турција заради трагедијата во рудникот во градот Сома, во округот Маниса.

Во рудникот во кој имаше експлозија сеуште беснее пожар. Според најновите податоци бројот на загинати рудари во експлозијата во рудникот во Сома изнесува 205 лица.

Во следните два дена се откажани сите манифестации во државата.

Знамињата во целата држава и во дипломатските претставништва на Турција во странство денеска ќе бидат поставени на половина копје.


Спонзорирани линкови

Маркетинг