ЦИА открива: Анте Павелиќ се криел во Ватикан преправен во свештеник!

Точка

24/04/2014

12:29

5.868

Големина на фонт

а а а

Лидерот на квислиншката Независна Држава Хрватска, Анте Павелиќ, по бегството од Загреб се криел во Ватикан, потврдуваат документи од 1947-та година, кои ги објавила американската Централна разузнавачка служба.

Документите покажуваат дека Американците и Британците во 1947-та година планирале да го уапсат Павелиќ, но тој план не бил спроведен.

Павелиќ на 6-ти мај 1945-тата година побегнал со семејството во Австрија, од каде со фалсификуван перуански пасош со име Педро Гонеро, преправен во свештеник заминал во Италија, односно се криел во Ватикан.


Според американските документи, во Заводот на Свети Џеронимо во центарот на Рим престојувале и командантот на усташкото воздухопловство Владимир Крен, заменик министерот за надворешни работи Вјокслав Вранчиќ и Џорџе Периќ.


Американците не сакале да го уапсат Павелиќ без британско учество, бидејќи "не било во американски интерес", поради фактот што "американските разузнавачки агенции користеле голем број Хрвати како информатори".


Павелиќ последен пат бил виден во јули во 1947-та година кога облечен како свештеник, шетал низ Рим.

Во документите е наведено дека Британците порано таа година му овозможиле на Павелиќ да побегне од Џенова, каде што организирале акција која имала за цел да ги уапсат квислинзите кои планирале да тргнат кон Јужна Америка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг