Предности при употреба на Биодизел гориво!

Точка

27/03/2014

11:11

12.037

Големина на фонт

а а а

Биодизелот не е токсичен и брзо се раградува, претставува многу помал загадувач од минералниот дизел, биодизелот ја намалува емисијата на јаглероден диоксид, кој е примарна причина за ефекотот на стаклена бавча, дури до 78% во однос на фосилниот дизел...

ШТО Е БИОДИЗЕЛ?
Биодизелот е еколошко гориво добиено со комбинација на растителни масла (или животинска маст), алкохол (главно метанол или етанол) и катализатор (NaOH или KOH). Претставува биоразградливо транспортно гориво со можност за употреба во дизел- моторите, самостојно или во комбинација (во одреден сооднос) со минералниот дизел. Како резултат на неговиот биоразградлив состав, добива сè поголемо значење во нафтената индустрија, претставувајќи одржлива алтернатива на горивата од необновлива природа.


НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
1. Зошто е биодизелот познат како "напредно биогориво"?
Биодизелот е обновливо гориво кое го намалува циклусот емисии на
стакленички гасови за повеќе од 50%. Покрај тоа, дислоцира фосилни горива, ја зголемува нашата енергетска безбедност и дава подршка на локалните економии.


2. Како се произведува биодизелот?
Биодизелот се произведува во процес наречен Трансестерификација, кој ги дели мастите во масло од глицерин. Останатите производи се метил естер (биодизел) и глицерин, кој најчесто се користи во сапуни.

3. Во какви возила може да се користи биодизелот?
100% биодизел може да се користи во сите возила произведени до 2006 година. Биодизелот исто така може да се користи како гориво за дизел генератори, за бродови (boat motors), тешка опрема и може да се користи како масло за домашно греење.


4. Дали биодизелот создава чад од издувните гасови?
Кога се користи биодизел се намалува емисијата на чад од издувните гасови. Сепак, поради високата точка на палење, чад и сиромашно согорување може да се случи за време на ладно стартување и исчезнуваат по неколку минути.


ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА БИОДИЗЕЛ
- Еколошко гориво
- Биодизелот не е токсичен и брзо се раградува. (80 – 85% во чиста вода за период од 28 дена).
- Претставува многу помал загадувач од минералниот дизел.
- Биодизелот се употребува во секоја конвенционална, немодификувана дизел машина.
- Нема потреба од никакви претходни модификации и преправки.
- Биодизелот ја намалува емисијата на јаглероден диоксид, кој е примарна причина за ефекотот на стаклена бавча, дури до 78% во однос на фосилниот дизел.
- Биодизелот ја намалува емисијата на сулфур (за 100%), јаглероден моноксид (за 50%), неизгорени и ароматични хидрокарбони (за 90%) и честици (за 20%) во однос на фосилниот дизел. Со сето тоа го подобрува квалитетот на воздухот.
- Со сето претходно, го намалува ризикот од рак (канцер) за 90%.
- Биодизелот може да се употребува самостојно, а исто така и да се меша во било кој сооднос со фосилниот дизел.
- Биодизелот е далеку подобар подмачкувач (лубрикант) од фосилниот дизел, што го продолжува животниот век на машина. Биодизелот не содржи сулфур, кој го прави железото покрто и поради кој се јавува потреба од додавање адитиви на фосилниот дизел.
- Биодизелот ги подобрува перформансите на машината во споредба со дизелот бидејки има повисок цетански број (го покажува квалитетот на палење на горивото). Поради тоа и машината работи потивко и помазно.
- Биодизелот е побезбеден за ракување од фосилниот дизел, бидејки е био-разградлив и нетоксичен. Разградлив е како шеќерот, а помалку отровен од солта за јадење.
- Биодизелот е побезбеден за транспорт од фосилниот дизел. Тој има повисока точка на палење (над 160 степени Целзиусови) од фосилниот дизел (55 степени Целзиусови).
- Биодизелот е обновлив и одржлив извор на енергија и ги заменува ограничените природни ресурси на нафта.
- Биодизелот не ги загадува водите поради неговата био-разградливост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг