Земјата му гори, а тој е ‛полн како брод“: Погледнете го раскошниот имот на Јанукович!

Точка

22/02/2014

21:03

35.613

Големина на фонт

а а а

После бегството на украинскиот претседател Виктор Јанукович од Киев на социјалните мрежи се објавени многу фотографии од неговиот имот и раскошниот живот во кој уживал во последните неколку години.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денес го напушти Киев, а безвластието и отсуството на неговите лични чувари било доволно за некои демонстранти и обични луѓе после речиси две недели хаос да одлучат да свратат до неговата резиденција.


На социјалните мрежи, особено на Твитер, се појавил голем број на снимки од имотот, како и куќата во која живее сега веќе сменетиот украински претседател.





Раскошот кој го видел голем број граѓани ги оставил без здив: од гаражите во кои можеле да видат луксузни автомобили и олдтајмери во кои уживал Јанукович со семејството, па се’ до сауната и неговото сопствено вештачко езеро.

Освен автомобили и моторцикли, во гаражите се пронајдени и разни пловила: Јанукович има и луксузен глисер, па дури и мали едрилици.




Демонстрантите ги импресионирал и огромниот едреник кој Јанукович го има во СВОЕТО езеро.


Во рамките на имотот Виктор има и своја приватна зоолошка градина, но и домашни животни.


За раскошот во кој живее Јанукович сведочат и изработените златници на кои е изгравиран неговиот лик. Доволно внимание и’ било посветено и на позлатената тоалетна школка.




А дека сето ова чинело премногу кажува овој објавен документ на кој пишува колкава сума на пари е дадена на реставрација и работи на овој „скромен“ приватен комплекс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг