Виктор Јанукович, претседател на Украина, рекол дека нема намера да поднесе оставка, а последните настани во Украина ги нарече „обид за државен пуч“.
Јанукович во интервју за каналот УБР рекол дека нема да ги признае одлуките кои во моментот се донесуваат во Киев, и ја повикал меѓународната заедница да „ги спречи екстремистите да ја превземат власта“.
Од Харков, откако побегна од Киев, украинскиот претседател порачал дека насилството во неговата земја е обид за државен удар, вандализам и дело на бандити. Тој ветил дека нема да ги штеди силите да се прекине крвопролевањето, и додал дека на Украина и’ се заканува „враќање на нацизмот“.
Јанукович во првото обраќање после потпишувањето на примирје со опозицијата истакнал дека неговите поддржувачи и соработници од страв се придружиле кон опозицијата и демонстрантите, кои сега го контролираат Киев.
„Парламентот нелегитимно донесува закони, и ја брука земјата“ – рекол Јануковиќ.
Тој додал и дека има обврска да ја штити земјата и народот, и дека нема да поднесе оставка, ниту ќе замине од Украина, бидејќи е легитимно избран претседател.
Украинскиот претседател тврди и дека синоќа било пукано на неговиот автомобил додека одел кон аеродромот од кој од Киев слетал во Харков.