Русија: Ќе влеземе во војна доколку некој му наштети на Крим!

Точка

21/02/2014

16:00

16.238

Големина на фонт

а а а

Русија е подготвена да влезе во војна поради Крим, за да го заштити етничкото руско население и воената база, изјавил за Financial Times висок претставник на руската влада. "Доколку се подели Украина, тоа ќе предизвика војна", изјавил рускиот службеник.

"Прво ќе го изгуби Крим, бидејќи ние ќе одиме да го штитиме, исто како што направивме во Грузија".

Имено, во 2008. година, руските војници ја нападнале Грузија откако грузиската војска започнала изненаден напад врз сепаратистичкиот регион Јужна Осетија во настојувањето да воспостави доминација.

Крим е украински полуостров сместен на северниот брег на Црното море. Во политичка смисла претставува Автономна Република Крим, која се наоѓа во склоп на Украина.


Крим е единствениот украински регион каде што етничките Руси се мнозинство и опфаќаат 60 проценти од вкупното 2-милионско население. Од 18. век па до пред 60 години, полуостровот бил дел од Русија. И додека Украина ја тресат немири, на Крим се засилува прорускиот сепаратизам. Иако е противзаконски отворено да се заговара сепаратизам во Украина, многу проруски организации повикуваат на "зајакнување на автономијата на Крим", во случај владата на претседателот Јанукович да направи некој компромис, со како што тие ја нарекуваат, "фашистичката опозиција".

Украинскиот претседател денес објавил дека ќе започне постапка за формирање на влада за национално единство и најавил одржување на предвремени претседателски избори односно враќање на уставот од 2004. година, со смалени претседателски овластувања. Како ќе реагира на тоа Русија, останува да видиме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг