Демонстрантите го освоиле Лутск, полицијата се предала, гувернерот врзан за метален столб

Точка

20/02/2014

10:19

6.919

Големина на фонт

а а а

Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина ја урнале локалната власт, а регионалниот гувернер го извлекле од канцеларијата и со лисици го врзале за метален столб, при што го терале да потпише оставка.

Олександр Башкаленко бил именуван за регионален гувернер од претседателот Јанукович лично, а демонстрантите практично го симнале од власт неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласил ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинале најмалку 26 лица.

Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во тој град.



Башкаленко се обидел да разговара со нив. "Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми.", им кажал на демонстрантите.

Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.

Башкаленко бил насилно изведен пред зградата и врзан со лисици за метален столб. Демонстрантите се обиделе да го натераат да потпише оставка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг