Обама: Сирија и Украина не се партија шах со Русија

Нетпрес

20/02/2014

09:35

936

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Барак Обама, изјавил дека насилните судири во Украина и Сирија меѓу нивните приврзаници и противници не претставуваат "ладнокрвна партија шах" во која САД се натпреваруваат со Русија.

„Иако Русија има влијание на двете влади, немирите во Украина и Сирија започнаа од народот кој инсистира на своите фундаментални права“, рекол Обама.

Обама ги повикал властите од Украина да дистанциираат од насилствата и предупреди дека во спротивно ќе се соочат со последици.

САД размислуваат да им се придружат на партнерите од Европската унија во воведување на казнени мерки кон Уркаина со цел да им се стави крај на судирите меѓу власта и опозицијата.

„Ќе има последици доколку се преминат границите“, рекол Обама и додал дека таа граница значи, покрај останатото, „гаранција дека украинската војска не смее да се вмеша во прашања кои што би требало да ги решаваат цивили“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг