Динамо Киев утре ќе биде домаќин во Кипар

Точка

19/02/2014

19:30

1.387

Големина на фонт

а а а

Поради големите нереди во престолнината на Украина, натпреварот од Лига Европа помеѓу Динамо Киев и Валенсија ќе биде одигран во Никозија, Кипар.

Во главниот град на Украина деновиве владее вистински хаос, па поради тоа фудбалерите на киевски Динамо нема да можат да бидат бодрени од своите навивачи на Олимпискиот стадион во Киев. Првиот натпревар во нокаут фазата од Лига Европа помеѓу Динамо и Валенсија ќе се одигра утре во Никозија, а не во украинската престолнина.

Натпреварот требаше да се одигра во Киев, меѓутоа тоа не е возможно поради насилните протести во кои загинаа најмалку 25 лица, а над 240 се ранети. Украинските власти им соопштиле на челниците на УЕФА дека нема да можат да ја гарантираат безбедноста на фудбалерите доколку натпреварот се одигра во Киев.

Како што денес пренесува шпански АС, од Европската фудбалска куќа донеле одлука натпреварот да биде одигран утре во 19 часот во главниот град на Кипар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг