Путин разговарал со Јанукович, но не го советувал за ситуацијата во Украина

Нетпрес

19/02/2014

14:27

782

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин не му давал совети на украинскиот колега Виктор Јанукович за кризата што ја доживува земјата во последните три месеци, пренесе "АФП".

„Рускиот претседател никогаш не му давал и нема да му дава совети на украинскиот колега што треба да направи или да не прави со ситуацијата во неговата земја“, изјавил портпаролот на Путин, додавајќи дека рускиот претседател има намера и во иднина да не го менува начинот на однесување кон Украина.

Сепак портпаролот потврдил дека Путин и Јанукович спроведоа телефонски разговор во текот на вчерашната ноќ кога Киев беше потресен од крвави судири.


Спонзорирани линкови

Маркетинг