Анкета: Груевски со најголема поддршка од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ би победиле доколку утре се одржат избори

Нетпрес

31/01/2014

15:25

2.191

Големина на фонт

а а а

Доколку утре се одржат парламентарни избори дури 26,1 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека лидер на политичка партија со најголема поддршка има Никола Груевски, покажуваат податоците од телефонската анкета која што ја спроведе Институтот Димитрија Чуповски.

На истото прашање, 15,1 отсто од испитаниците се одлучиле за СДСМ, додека од партиите од албанскиот блок, ДУИ има 7,9, а ДПА 3,9 отсто. Дури 28,3 отсто од испитаниците не дале никаков одговор, додека 15,3 отсто се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Премиерот Никола Груевски и понатаму е лидер на политичка партија со најголема поддршка која процентуално изнесува 26,7 отсто, додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев има поддршка од 7,5 отсто. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според анкетата, има поддршка од 7,2 отсто од испитаницие, додека претседателот на ДПА, Мендух Тачи 3,8 отсто.

За „ниту еден“ од посочените политичари се одлучиле 26,5 отсто од испитаниците, додека со „не знам“ одговориле 18,3 отсто од анкетираните граѓани. За поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, поддршка му нудат само 1,5 отсто од испитаниците.

Запрашани, која почитичка партија ќе победи на следните избори, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 32,9 отсто, за СДСМ 14,8 отсто, додека за ДУИ и ДПА 8,6 односно 3,7 отсто. На истото прашање со „не знам“ одговориле 38,8 отсто од анкетираните.

Телефонската анкета беше спроведена во периодот меѓу 24-ти и 26-ти јануари на 1530 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија.

Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2 проценти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг