Запознајте го Хозе Мухика – најсиромашниот претседател на светот!

Точка

31/12/2013

09:55

7.589

Големина на фонт

а а а

Некои светски лидери живеат во палати. Некои уживаат во привилегиите да имаат дискретен батлер, флота јахти и вински подрум со стар и прескап шампањ. А од другата страна е Хозе Мухика, поранешниот герилски бунтовник кој сега е претседател на Уругвај.

Тој живее во стара и полу-срушена куќичка во периферијата на Монтевидео, без ниту еден слуга. Неговото обезбедување се две кучиња кои стојат на патот крај неговата куќа, а не се ни од некоја моќна раса. Дури и Мануела, едно од двете кучиња, има три нозе и не му е од никаква корист, но на претседателот му било жал за ова куче па му дал дом.



Тој се жртвувал од огромната вила која му се нуди како една од многуте бенефиции што претседателот ги има во корист на Уругвај, нација од 3,3 милиони жители. Овој 77-годишен старец ја одбил вилата со персонал од неверојатни 42 слуги, и си останал во топлиот дом каде тој и неговата сопруга живееле со години, на мало парче земја преполно со хризантеми кои жена му ги продава на локалните пазари.

Хозе Мухика е познат како раритет помеѓу политичарите – наместо да проповеда дека во неговата земја ќе донесе богатсво, тој од прва рака се труди рамномерно да ги расподели добивките! Иако неговата нето плата изнесува 12.000 долари, тој донира 90% од вкупната вредност за да им помогне на бездомниците, сиромашните и сопствениците на мали бизниси во почетна фаза.


Тој бил борец на герилската војна за Тумапарос („Робин Худ“ организација која крадела до богатите и давала на сиромашните). Два пати бил во затвор во ужасни услови, бил тепан, еднаш побегнал, и бил повторно приведен откако бил стрелан неверојатни 6 пати од страна на полицијата. Го ослободиле 14 години подоцна, откако уставната демократија во Уругвај била повторно вратена на нозе.


Претседателот место да се вози со лимузина, приватен џет или Ролс Ројс кој вреди милиони, вози Фолксваген Буба од 1986 година. Во слободното време е фармер (веќе споменавме дека одгледува хризантеми). И неговата сопруга е легендарен борец на Тупамарос, а денес е сенатор во Уругвајската влада.


За време на неговиот мандат Уругвај ја легализираше марихуаната и истополовиот брак, а беше донесен и закон за слободно вршење на абортус откако земјата ја потресоа многу случаи на смрт поради нелегален абортус. Ја зголеми употребата на обновлива енергија како ветер и биоенергија, и со тоа целата негова нација секојдневно штеди многу пари, а и е подобрен еко-системот во Уругвај.

Претседателот Мухика неодамна изјави дека не сака да биде нарекуван најсиромашниот претседател на светот, бидејќи „не е оној кој има најмалку сиромав, туку оној кој чезнее за повеќе“.


Токму овој претседател, политичар, икона, херој, фармер, селанец, герилски бунтовник, затвореник, „криминалец“, е она што му треба на светот. Тој навистина се држи до она „Практикувај го она што го проповедаш“, и е херој за многумина во светот. Можеби е финансиски најсиромашен, но во срцето и умот носи онолку колку што еден човек може да поднесе – својата слобода, хуманоста и, како што и самиот вели, својот внатрешен човек, пријателот кој со себе го носиме во гроб.

Погледнете го целото интервју со Ал Џезира. Жртвувајте ги оние 25 минути од вашиот ден, бидејќи може ќе ви ги променат одлуките на 2014 година на подобро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг