Багрем – за што се’ е добро?

Точка

21/11/2013

18:46

15.546

Големина на фонт

а а а

Други имиња: акација, багра, багрен, бел багрем, бело дрво, господов трн, карчичек, хација. Латинско име: Robinia pseudoacacia.

Багремот потекнува од Канада. Кај нас многу се одгледува. Дрвото е високо околу 20 метри. Цвета во мај. Кај народот се употребува цветот и листот.

Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, а листот додека е уште млад.


Багремот – акација е стебло кое расте до 25 метри висина, и е пренесено од Северна Америка во Европа на почетокот на 17 век. Белите мирисни цветови кои растат во гроздови излачуваат многу нектар, вкусни се и свежи, а во Канада од нив се прави специјалитет кога се месат заедно со тестото за палачинки.

Плодот на багремот е плоснат, и претставува до 11 сантиметри долга мешунка со 4-10 семки со бубрежаст облик.


Народната медицина препорачува и чај од исушените цветови, кој освен што е вкусен, делува лековито кај настинките и кашлицата. Во свежите мешунки и семки има многу белковини, јаглени хидрати и масти. Мешунките можат да се конзервираат после сушењето и да се употребуваат како зеленчук. Готвеното семе од багрем може да го замени гравот, а пржено служи како замена за кафе.

Багремот расте низ цела Европа, а се наоѓа во светли и прозрачни шуми.


Лековит дел на билката: за лек се користи цветот. Багремовата кора е отровна, поради што не треба да се користи на било кој начин. Отровноста потекнува од токсалбумин робинот.

Лековито дејство: цветот се употребува во облик на чај (5 грами на 100 милилитри вода) за полесно искашлување и против воспаление. Чајот од лист предизвикува излачување на жолчката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг