Сараќини ги најави шестте нови јавни повици за концесии на минерални суровини за 53 локалитети

Нетпрес

13/11/2013

14:24

1.018

Големина на фонт

а а а

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска информираше за шестте нови јавни повици за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини.

Тој соопшти дека во последниот период Министерството за економија има направено драстични измени на законската регулатива во областа на минералните суровини, во насока на кратење на роковите и поедноставување на процедурите, за привлекување на поголем број на инвестиции, особено странски во Република Македонија.

„На вчерашната владина седница беа усвоени шест нови јавни повици за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на 53 локалитети, од кои 50 локации за детални геолошки истражувања на минерални суровини и тоа за метали 8, неметалични 30, украсни камења 6 и минерални и геотермални води 6 и 3 локации за експлоатација на минерални суровини и тоа за, метали 1 и минерална и тремоминерална вода 2“, информираше министерот Сараќини.

Јавните повици ќе бидат објавени во наредниот период, а локалитетите кои се предвидени за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минералните суровини каде што ќе се врши концесиската дејност опфаќаат повеќе општини во Македонија.

Имајќи предвид дека за секоја локација потребни се минимум 2-3 работници, за сите 50 локации ќе се отворат околу 150 нови работни места.

„Согласно измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини како новина се предвидува доделувањето на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минералните суровини да биде по пат на електронска аукција или наддавање, со што би се овозможил максимален степен на транспарентност при доделувањето на концесиите за минерални суровини“, истакна Сараќини.

Министерот посочи дека целта е да се создадат нови услови за раст на економијата, да се отоворат нови работни места, со што ќе се овозможи прилив на средства, имајќи го предвид соодносот на концесискиот надоместок кој се уплаќа во дел од средствата и тоа 78 отсто - приход на општината каде се врши концесиската дејност, а дел од средствата 22 отсто - приход на Буџетот на Македонија.

Во периодот од први јануари оваа година до денес се склучени договори за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на вкупно 90 локалитети, при што по основ на наплатен концесиски надоместок за детални геолошки истражувања и за експлоатација на минерални суровини во 2013 година, до овој период вкупно се уплатени средства во износ од 345.776.874 денари, од кои 78 отсто или 269.705.961 денари се приход на општините, а 22 отстоили 76.070.912 денари се приход на Буџетот на Македонија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг