ММФ препорачува побрз и оддржлив економски раст за Македонија

Нетпрес

25/10/2013

14:11

638

Големина на фонт

а а а

На Македонија и’ е потребен побрз и оддржлив економски раст, порачува Бас Бекер, шеф на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд.

Бекер, кој имаше презентација на тема „Побрз, повисок, посилен- зголемување на потенцијалот за раст на централна, источна и југоисточна Европа, смета дека фиксниот девизен курс е корисен за Македонија и тоа треба да продолжи и во иднина.

Ќе треба многу време, потенцира Бекер, да се достигне развој со проекции за економски раст од два до три отсто.

„Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде оддржлив и да има прилив на капитал“, рече Бакер, додавајќи дека п редвидениот раст за оваа година на земјите од регионот е 1,7 отсто, а за наредната е 2,7 отсто.

Тој нагласи дека растот следната година кај сите земји од регионот ќе забележи пораст.

„Се надевам дека во иднината растот ќе биде поголем бидејќи со низок раст многу тешко дека ќе се намали невработеноста и ќе се надмине прашањето со нефункционалните заеми“, истакна Бакер, нагласувајќи дека за посилен раст мора да се надминат последиците од кризатас, да се подобри окружувањето, а економиите да бидат поотврени и да се подобри состојбата на пазарот на труд.

Тој најави дека следната недела во Македонија ќе пристигне мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за тековните состојби во земјата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг