Пронајдени родителите на малата Марија, обвинети се за продажба на деца

Точка

24/10/2013

20:02

10.423

Големина на фонт

а а а

Бугарските обвинители покренале прелиминарно обвинение против Ромката која најверојатно е мајка на Марија – русокосото девојче најдено во Грција кај ромски пар со кој, како што покажува нејзината ДНК, не е во сродство.

Бугарската Ромка, 35-годишната Саша Русева од градот Николаев, обвинета е за продажба на своето дете во текот на престој во странство, известува агенцијата АП.

Русева признала дека пред неколку години, додека работела во Грција, оставила таму една од своите три деца, старо само три месеци. Со проверка на ДНК треба да се утврди дали Русева и Марија се во сродство.


Во една ТВ емисија Русева изразила подготвеност да ја превземе Марија, доколку се покаже дека тоа е нејзиното дете. Таа одрекува дека примила пари за да ја предаде Марија на парот во Грција, иако наводно на еден сосед му рекла дека го продала детето за 250 евра.

Русева и нејзиниот сопруг Атанас имаат осум деца, и иако самата има темен тен, коса и очи, пет нејзини деца имаат руса коса и многу личат на Марија. Таа нагласува дека имала намера да се врати во Грција по детето кое таму го оставила, но дека во меѓувреме родила уште две, па била оневозможена во тоа.

Според соопштението на секретарот од бугарското Министерство за внатрешни работи Светлозар Лазаров, бугарската полиција тесно соработува со грчката на овој случај.


Во извештаите се наведува дека Саша Русева и Атанас Русев имаат десетина деца, од кои пет се руси и многу личат на девојчето кое е пронајдено минатата седмица.

Еден од нивните синови за новинската агенција БГНЕС рекол дека целото семејство престојувало во Грција и дека таму ја оставиле Марија пред враќањето во Бугарија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг