Грците планирале да го омажат "русокосиот ангел" на 12 години за добар мираз

Нетпрес

24/10/2013

10:31

2.638

Големина на фонт

а а а

Ромите кои го купиле малиот русокос ангел Марија, планирале да ја омажат на 12 години, според ромската традиција.

Од грчката полиција претпоставуваат дека 40-годишната Елефтериа Димопоулоу и нејзиниот сопруг, 39-годишниот Христос Салис планирале да ја омажат Марија кога таа ќе наполни 12 години. Од таму велат дека можно е тие веќе и да договориле брак, бидејќи Марија со русата коса и сините очи е сакана во ромската заедница.

Поради нејзиниот специфичен изглед, за Марија тие можат да добијат добар мираз, па затоа и ја чувале. За нив Марија била само една добра инвестиција.

Според медиумите, ромската двојка вели дека има 14 деца и дека добива помош во износ од 2.800 евра месечно за секое дете. Во моментов полицијата го установува нивното сродство и со другите деца. Според прелиминарните податоци од нив само четири се нивни биолошки деца.

Во медиумите се појавија неколку верзии: дека двојката е дел од мрежата за трговија со деца и дека ја имаат киднапирано Марија, принудувајќи ја да проси и да танцува. Надлежните органи велат дека детето може да биде родено во источна Европа или Скандинавските земји.


Спонзорирани линкови

Маркетинг