Протест против високата судска казна за Кежаровски

Нетпрес

23/10/2013

16:40

4.330

Големина на фонт

а а а

Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организираше протест со цел да се искаже несогласувањето со високата казна на која е осуден Кежаровски (4,5 години) како и револтот против се позабрзаното губење на слободата на говор на изразување.

Но планираниот протест во молк во црно, се претвори во судир на присутните со полицијата која ги спречи новинарите и граѓаните протестот да го одржат пред Музејот на револуционерната борба. Протестот се одржа во близина на црквата Св. Димитрија на новиот Плоштад пред Музејот.


Новинарите со паролите „Кежо нема мотив, кој е вашиот мотив“, „Пусто судско“, „Слобода за Кежаровски“, „Слобода на изразувањето“, го изразија својот револт против високата затворска казна на нивниот колега.


Симболично, пред кордонот полицајци присутните запалија свеќи кои според организаторите на настанот се во спомен на починатата демократија.

За време на протестот, евидентно беше зголеменото присуство на полиција и специјалци како на местото каде што се одржуваше настанот, така и околу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг