Огромно медиумско внимание за посетата на Иванов во Кина

Нетпрес

23/10/2013

16:17

797

Големина на фонт

а а а

Средбата на претседателот Иванов со претседателот на Народна Република Кина предизвика огромен интерес во кинеските медиуми, што пак остава силен печат во кинеската јавност.

Средбата на претседателот Си Џинпинг со македонскиот претседател беше емитувана во ударните појаси на националната телевизија, CCTV, China Central Television, која e најмоќна и најраспостранета телевизиска мрежа во Кина со 14 канали, и која покрај на кинески, емитува програма на четири други јазици, арапски, француски, англиски и руски јазик, што ја прави влијателна во светски рамки. Под наслов ”Македонскиот претседател во посета на Кина - Кина и Македонија ќе се залагаат за зајакнување на односите” кинеската телевизија CCTV извести за средбата на кинескиот со македонскиот претседател.

Фотографија од средбата Иванов-Си се појави и на насловна страница на весникот “Renmin Ribao" (People's Daily), кој е најугледен, највлијателен и најраспространет весник во Кина со повеќе милионски тираж.

И престижниот “China Daily”, чиј просечен тираж е над 500.000 примероци, на своите страници одвои простор за средбата на двајцата претседатели.

Опсежна статија за посетата на претседателот Иванов на Кина објави и “Хinhuanet”. „Кина и Македонија се заложија за унапредување на односите и продлабочување на соработката во сите области”, пишува весникот, пренесувајќи ги изјавите на претседателот на НР Кина и изјавата на претседателот Иванов, во која ги поздравува најавите за кинески инвестиции во Република Македонија и вели дека македонскиот народ негува пријателски чувства кон кинескиот народ и дека двете земји имаат непречена соработка во политиката, економијата, културата, регионалните и меѓународните прашања.


Спонзорирани линкови

Маркетинг