Американски пар: "Русокосиот ангел" е наш и не е Марија, туку Лиса!

Точка

22/10/2013

18:20

30.409

Големина на фонт

а а а

Една од најактуелните теми во сите светски медиуми е русокосото девојче кое што пред неколку дена беше пронајдено во грчки ромски камп, а сега, според последните информации, се појавиле и нејзините вистински родители.

Имено, американскиот пар Џереми Ирвин (31) и Дебора Бредли (30), родители на Лиса, која што во октомври 2011 година исчезнала од нивниот дом во Канзас Сити, стапиле во контакт со грчките власти затоа што постои многу сличност помеѓу девојчето пронајдено пред неколку дена во ромската населба во Грција и сликите од уметниците на кои што е прикажано како нивната Лиса би можела да изгледа денес.


Нивниот адвокат потврдил за медиумите дека властите во Грција се уште ја разгледуваат можноста да станува збор за истото девојче, но со оглед на тоа што се смета дека Марија има пет или шест години, а Лиса денес би требало да има четири години, голема е веројатноста пронајденото девојче да не е она изгубеното од Канзас Сити.


Само како потсетување, хуманитарната организација "Детска насмевка" соопштила дека од синоќа, кога малечката Марија била доведена кај нив, во централата пристигнале повеќе од 5.000 телефонски повици од Грција и од странство.


Откако медиумите го нарекоа малото девојче "русокосиот ангел" и ја објавија нејзината приказна, луѓето ширум светот се јавуваат во хуманитарните организации за да го искажат своето сочувство и да понудат помош во понатамошната истрага и пронаоѓањето на нејзините родители.


Спонзорирани линкови

Маркетинг