“Русокос ангел” и во Ирска: Уште едно девојче одземено од ромски пар, се сомнева дека ја грабнале

Точка

22/10/2013

17:39

4.137

Големина на фонт

а а а

Само неколку дена откако малата Марија, наречена „русокос ангел“ беше откриена во ромска населба во Грција, уште едно русокосо девојче со сини очи кое има 7 години било земено од ромско семејство во Талат, во предградието на Даблин.

Ромскиот пар потврдиле дека детето е нивно, но не можеле да покажат регуларна крштеница, а документацијата која е поднесена на полицијата не можела да биде докажана.

На полицијата и’ рекле дека девојчето е родено во болницата Кумби во Даблин, во април 2006 година, но болницата немала никакви докази за тоа да го потврди.

Податоците за девојчето ги пријавил еден граѓанин на кого му било сомнително тоа што девојчето не личи на никој од браќата и сестрите. Засега се знае дека дотичното семејство Роми редовно патува во Романија.

Ова е втор случај на одземање на девојче од ромско семејство, под сомнеж дека не престојува кај нив легално. Откако изминатата недела во ромски камп беше пронајдена малата Марија, грчката полиција испитува дали постои можност дека трговци со деца планирале да го продадат „русокосиот ангел“ на богато семејство.


Христос Салис (39) и Елефтерија Димопулу (40) кај кои е пронајдена малата Марија одрекуваат дека ја украле и велат дека се грижат за неа откако нејзината мајка ја оставила, накратко после раѓањето.

Меѓутоа, полицијата верува дека е планирано девојчето да биде нелегално дадено на посвојување, што не успеало, и таа останала кај нив.

ДНК анализата која е направена на Марија открила дека таа моментално не се наоѓа на листата на исчезнати лица на Интерпол. Земените примероци не одговараат на ниту едно дете кое се води како исчезнато, изјавила грчката полиција за Дејли телеграф.


Спонзорирани линкови

Маркетинг