Нова копија од Црешовото топче на Денот на македонската револуционерна борба

Нетпрес

22/10/2013

10:18

938

Големина на фонт

а а а

Во музејот на македонската борба утре со почеток во 12 часот ќе се одржи презентација на нова копија од Црешовото топче изработена од познатиот македонски копаничар Будимир Апостолски, со што се заокружува програмата за одбележување 120 години од Денот на револуционерната борба.

Во истите простории со почеток во 13 часот, ќе биде отворена изложбата Филателистичко-картофилска прошетка низ музејската поставка од авторот Бранислав Светозаревиќ.

Тој е роден во Скопје во 1966 година. Во својата работна кариера, 18 години работи во Државниот архив на Република Македонија, а од 2010 година е прв директор на Музејот на македонската борба во Скопје на која функција работи до денес. Автор е на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата, како и на повеќе фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг