Родителите на русокосиот ангел се бараат во источна Европа

Нетпрес

22/10/2013

09:49

1.397

Големина на фонт

а а а

Грчката организација Детска насмевка и Интерпол почнаа општоевропска кампања за потрагата на родителите на четиригодишното девојче по име Марија.

Русокосиот ангел беше пронајден во камп во грчкиот град Фарсала за време на полициската операција на 17-ти октомври. Девојчето толку многу се разликувало од своите „родители“ – Роми, па тоа ги предизвикало сомневањата на полицијата. ДНК анализите покажаа дека малата Марија не е нивна родена ќерка, па ромската двојка е обвинета за нејзино киднапирање, пишуваат грчките медиуми.

Пред полицијата „родителите“ на Марија првично изјавиле дека таа е нивно биолошко дете, потоа ја промениле својата изјава велејќи дека ја нашле напуштена во некој локален супермаркет, а потоа дека им била дадена од некоја непозната жена. Најновата верзија е дека мајката на детето е од Бугарија - таа работела заедно со Ромите на фарма, а потоа исчезнала, оставајќи ја Марија.

Полицијата појаснува како Ромите успеале да добијат извод од матичната книга на родените за девојчето. Ромската двојка вели дека има 14 деца и дека добива помош во износ од 2,800 евра месечно. Во моментов полицијата го установува нивното сродство и со другите деца. Според прелиминарните податоци од нив само четири се нивни биолошки деца.

Во медиумите се појавија неколку верзии: дека двојката е дел од мрежата за трговија со деца и дека ја имаат киднапирано Марија, принудувајќи ја да проси. Надлежните органи велат дека детето може да се родило во источна Европа или Скандинавските земји.


Спонзорирани линкови

Маркетинг